Еуроспорт направи гаф за кој ден подоцна се извини. Имено, честитката упатена на социјалните мрежи до Новак Ѓоковиќ по победата над Карлос Алкараз во финалето на Олимписките игри (ОИ) беше илустрирана со поставување на хрватското знаме, место српското!
„Длабоко жалиме за направената грешка и искрено се извинуваме. Уште еднаш му честитаме на Новак за историскиот момент, за него и неговата земја“, велат од Еуроспорт.