Еурофарм Пелистер ги почна подготовките за новата сезона

Ракометарите на Е. Пелистер денеска ги почнаа подготовките за сезоната 2024/25 сезона. Во спортската сала „Боро Чурлевски“ тренерот Бранислав Ангеловски и неговиот стручен штаб ја направија првата прозивка.

На првиот собир се појавија сите ракометари, освен Нејц Цехте, кој е со словенечката репрезентација на Олимписките игри во Париз, додека Ненад Костески заздравува од повредата на коленото, но присутен е со тимот.

Екипата ќе се подготвува во Битола до 4 август, а потоа ќе замине на двонеделни подготовки на Златибор. Таму се предвидени два контролни натпревари. По враќањето од Србија, шампионот на Македонија ќе настапи на три подготвителни турнири до почетокот на официјалните натпревари.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО