Ерменците направија сензација и го исфрлија АЕК од Европа!

Ерменскиот Ноа претрпе „тесен“ пораз, 0:1 на гости кај АЕК во Атина, но сепак сензационално се пласира во плеј-офот во Лигата на конференции (ЛК) благодарение на победата од 3:1 на првиот натпревар во Ереван. Во следната рунда Ноа ќе игра против Ружомберок кој го елиминира Хајдук.

Тимот на Ноа, кој според Трансфермаркт вреди 7,7 милиони евра, успешно го исфрли речиси 10 пати поскапиот тим на грчкиот гигант.

Победничкиот гол на АЕК го постигна Стивен Зубер во судиското надополнување, но беше предоцна да се достигне негативата од Ерменија.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО