Енцо Фернандез со порака до јавноста по расистичкиот скандал

По триумфот на Копа Америка и по славјето се појави видео на кое се забележува како играчите на Аргентина пеат расистичка песна насочена кон француската репрезентација.

„Тие играат за Франција, но се од Ангола. Неговата мајка е Нигеријка, татко му е Камерунец, но пасошот му е француски“, гласи текстот на песната.

Ова предизвика бурни реакции кај некои француски фудбалери. Се огласија Аксел Дисаси, Мало Густо и Весли Фофана, соиграчите на Енцо Фернандез од Челси, кои го следат на Инстаграм. Фофана напиша: „Фудбалот во 2024 година: незапирлив расизам“.

Потоа се јави и Фернандез, очигледно свесен дека направил голема грешка.

– Искрено се извинувам за видеото на Инстаграм, кое е направено за време на прославата. Песната содржи многу навредлив јазик и нема извинување за моите зборови.

Секогаш сум против дискриминација, се извинувам затоа што ме зафати еуфоријата на прославата. Тој момент, тие зборови не се одраз на моите верувања или карактер, навистина ми е жал, напиша Фернандез.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО