Ентони Дејвис пак се повреди

Кошаркарот на Далас Маверикс, Ентони Дејвис, повторно се повреди и го очекува нова пауза, откако втора година по ред мораше да го напушти божиќниот натпревар поради повреда.

Дејвис заработи повреда на препоните и од втората четвртина повеќе не влезе во игра, откако при еден контранапад се фати за ногата и со кривење се упати кон клупата. Таму му беше укажана лекарска помош, а потоа заедно со терапевтите замина во соблекувалната и не се врати на паркетот, а за 11 минути во игра постигна три поени.

„Немавме среќа, многу ни оди подобро кога тој е во форма и сега ќе мораме да се прилагодиме“, изјави Купер Флег по натпреварот.

Досега оваа сезона Дејвис има пропуштено 16 натпревари, а Маверикс имаат скор четири победи и 12 порази без него, наспроти учинок од 8-7 кога тој е на теренот.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ


НАЈНОВО