По три сезони минати во дресот на Партизан, Алекса Аврамовиќ, кариерата ја продолжува во ЦСКА Москва.
Тој се прости од „црно-белите“ со посебна објава на социјалната мрежа Инстаграм.
– Драги Партизановци, ми беше чест и задоволсво да ги бранам боите на клубот. По три години успони и падови, можам да кажам дека зад мене е убав период и не би го менувал. Им благодарам на навивачите за безрезервната поддршка низ годините. Се борев да дадам свој максимум и се обидував да ги оправдам вашите очекувања, порача Аврамовиќ.
Аврамовиќ потпиша двегодишен договор со рускиот клуб од Москва.
Во Партизан дојде во 2021 година, а освои еден трофеј со клубот, кој од АБА лигата минатата сезона.