Француската кошаркарска федерација имаше голем план за Олимпијадата во 2024 година на која тие се домаќини. Се надеваа дека во тимот ќе бидат НБА центрите: Руди Гобер, Виктор Вембањама и Жоел Ембид.
За жал на Французите, ги „предаде“ актуелниот МВП на најсилната лига кој наместо Франција избра да ги претставува САД, земјата во која живее, игра, плаќа данок…
Центарот на Филаделфија, роден пред 30 години во Јаунде, Камерун, според претседателот на националниот сојуз Жан-Пјер Сиутат, го избрал полесниот начин да дојде до златото на Олимписките игри.
– Американскиот тим со Ембиид, кој може да ги победи? Никој. Така најлесно се доаѓа до медал, го коментираше изборот на Ембид Сиутат.
Ембид е доден во Камерун, француски пасош доби во 2022 година и со тоа се стекна со право да ги брани боите на Франција.
Одлуката на Ембид да игра за САД ја расипа најголемата желба на Французите да го имаат во рекетото триото Гобер, Ембид и Вембањама.
– Тие лесно би се вклопиле заедно, особено Виктор и Џоел. Вембањама е подвижен, сите тројца можат да играат заедно. Да ги имате сите тројца во тимот би било нешто навистина посебно, затоа сум разочаран.