Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас поради повреда нема да игра до крајот на годината.
Елмас се повреди повреди во средата, во претпоследното коло во Лигата на нации (ЛН) против Летонија во Скопје. Поради повредата тој беше заменет во првото полувреме.
Лекарските прегледи направени во клубот, потврдиле дека повредата е посериозна, Елмас скинал мускулни влакна поради што ќе отсуствува шест недели.
Ова значи дека на тренереот Марко Розе тој ќе му биде достапен по божиќните празници, односно кога Лајпциг ќе ги почне мини подготовките за вториот дел од сезоната.
Вообичаено во Бундеслигата има пауза меѓу есенскиот и пролетниот дел од сезоната. Вториот дел од сезоната во Германија ќе почне на 12 јануари.
Прашање е дали Елмас ќе му се стави на располагање на тренерот Розе, од причина што сака да замине бидејќи во Бундеслигата сезоната настапи на само два натпревара и одигра вкупно 44 минути.
Нејасно е и доколку Елмас реши да замине дали ќе оди на позајмица или Лапјциг ќе го продаде. Наводно посериозен интерес за него покажале турските великани Фенербахче и Галатасарај.