Екс претседателот на Баерн признава: Овој играч е мојата голема желба

Долгогодишниот поранешен претседател на Баерн Минхен, се надева дека на „Алијанц Арена“ оваа сезона ќе биде далеку подобра од претходната, а за таа намена ќе бидат потребни нови засилувања.

Тој меѓу редови откри дека има неколку фудбаски имиња како желба во дресот на Баерн за идната сезона.

– Сите добро знаат дека посакувам во дресот на Баерн да го видам Флоријан Вирц (од Баер Леверкузен). Тоа би било фантастично засилување за нас, порача Ули Хенес.

Баерн се смета за еден од клубовите кои водат тесна битка со Баер Леверкузен за ангажман на овој фудбалер кој има само 21 година и кој веќе покажа класа и потенцијал за голем играч.

Вирц се поврзува исто така и со Реал Мадрид, кои во него гледаат наследник на Тони Крос. Играчот кој во моментот вреди преку 100 милиони евра, неофицијално, планирал да остане уште една сезона во Леверкузен и да игра ЛШ со нив, а потоа следното лето би разгледувал понуди.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО