Екс фудбалерот Сали и поранешен тренер во ФФМ се предаде по денови бегство – оди во притвор

Поранешниот фудбалер, Ерсен Сали се предал на полицијата по што попладнево бил изведен пред судија на претходна постапка, кој му доделил куќен притвор, иако обвинителство барало тој да биде спроведен во Шутка.

Сали е еден од осомничените по кои се трагаше со централна потерница за упадот во М-НАВ на 4 јануари.

Сали, како што претходно објави Телма, е лицето кое го нападнал контролорот на летање Премптим Бериша и го удрил по главата, во пределот на увото.

Сали во февруари 2022 година бил осуден на една година затвор за тешки дела против општа сигурност, но Апелација истата година во ноември ја преиначува пресудата дека тој нема да оди во затвор, доколку не направи кривично дело во наредни 3 години.

Инаку Сали е поранешн фудбалер на бројни македонски клубови како Скопје, Новаци, Гостивар, Царев Двор,Ренова, Шкендија, Милано, Башкими, албански Партизани и романска Дачија.

По завршување со активната кариера работеше и како тренер во академиите на ФФМ.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО