Францускиот дефанзивец Рафаел Варан, е официјално промовиран како нов играч на фудбалскиот клуб Комо.
По напуштањето на Манчестер Јунајтед, малкумина веруваа дека тој ќе заигра за клуб од рангот на Комо, но ете, се случи и тоа, новиот калчолигаш го обезбеди неговиот потпис.
На Варан му истече договорот со Јунајтед на крајот одминатата сезона, па како слободен играч се пресели во италијанскиот клуб и ќе настапува во Серија А.
Според првичните информации, тој ќе потпише договор на две сезони, со можност за продолжување на соработката на трета сезона.
Комо оваа сезона ќе игра во Серија А за прв пат, по сезоната 2002/03, а тренер им е некогашниот шпански фудбалер Цеск Фабрегас.
Во својата кариера Рафаел Варан, освен за Јунајтед и Реал Мадрид, настапуваше и за Ленс.