Европскиот шампион со Шпанија, Eмерик Лапорт, играчот на Ал-Наср се поврзува со трансфер во Реал Мадрид. Според информациите, Лапорт побарал средба со раководството на клубот, вклучувајќи го и претседателот Ал-Мухаидиб.
Поранешниот играч на Манчестер сити побарал да биде ослободен да се врати назад во Шпанија, со образложение дека не му се допаѓа животот во Саудиска Арабија.
Само пред една година, Ал-Наср му плати 27,5 милиони евра на Манчестер сити за него. Според „АС“, Реал Мадрид е заинтересиран за него, иако пред неколку дена тренерот Карло Анчелоти категорично изјави дека тимот нема да купува нови играчи во овој преоден рок.