Фудбалерите на Сент Етјен на драматичен начин се вратија во француската Лига 1. Тие во судиското продолжение од реванш финалето на плеј-офот успеаја да ремизираат против Мец, 2:2 и со тоа да ја одбранат предноста од 2: 1 на првиот натпревар стекната дома, пред своите навивачи.
По 25 минути Мец имаше предност од 2:0 која го оставаше во елитното друштво, а стрелци беа Ламин Камара во 17. и Жорж Микаутадзе во 25. минута, од пенал. Но, гостите намалија на 1:2 во 35. минута со голот на Лео Перо.
Бидејќи резултатот беше ист како и пред три дена во Сент Етјен, се играа дополнителни 30 минути. Потоа, во 117. минута, Ибрахима Ваџи ги шокираше навивачите на Мец и го испрати нивниот клуб во Втората лига, а на Сент Етјен, 10-кратниот шампион на Франција, му обезбеди враќање меѓу најдобрите 18 клуба во Лига 1.