Двајца едриличари загинаа на регата во Австралија

Двајца едриличари загинаа во одвоени инциденти на едриличарската трка од Сиднеј до Хобарт, во Австралија, соопштија организаторите и локалните власти, со што се забележани првите смртни случаи на престижната трка по 1998 година.

Организаторите на трката на нивната интернет-страница соопштија дека тие загинале  откако биле погодени од хоризонталниот столб што го држи едрото и се ниша во зависност од насоката на ветрот.

Колегите од екипажот ја навршиле процедурата за реанимација, но не можеле да го оживеат едриличарот. Неколку часа подоцна беше објавено и дека член на екипажот на друг брод, исто така починал.

„Заедницата на едрење е многу блиска и има околу илјада учесници во оваа трка и да се загубат двајца на овој начин е многу поразително. Сакаме да ја подобриме безбедноста насекаде каде што можеме. Затоа ќе направиме истрага, и ако има нешто што може да се направи за да се спречи вакво нешто да се случи, ќе го направиме тоа, рече Дејвид Џејкобс, заменик-комодор на Крузинг јахт клубот од Австралија. .

Лошото време принуди неколку јахти да се повлечат од 79-то издание на трката што почна вчера. Последните жртви на оваа трка се случија во 1998 година, кога пет јахти потонаа, а шест едриличари загинаа откако голема бура ја погоди флотата.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО