Драма во Париз! САД со неверојатен пресврт ја елиминираа Србија во полуфиналето

Иако заостануваа во поголемиот дел од мечот, во првите три четвртини, кошаркарите на САД ја победија Србија во полуфиналето со 95:91 (23:31, 20:23, 20:22, 32:15) и во финалето на Олимписките игри (ОИ) ќе играат против Франција.

Избраниците на Светислав Пешиќ беа на прагот на сензационална победа над една, според многумина, најсилните селекции на САД во историјата.

Со фантастичен процент на шут и добра одбрана Србите ја одржуваа предноста, но Американците беа поконцентрирани и подобри во последната четвртина што ја добија со 32:15 и на тој начин избегнаа пораз.

Стеф Кари со 36 поени (9/14 тројки.и осум скока) беше прв стрелец кај Американците. Џоел Ембиид постигна 19, а Леброн Џејмс забележа трипл-дабл, 16 поени, 12 скока и 10 асистенции.

За Србија, Богдан Богдановиќ постигна 20 поени, а Никола Јокиќ 17 поени со 11 асистенци и пет скока.

Од почетокот, Србија ја носеше фантастично шутирање, особено за три поени. По првата четвртина Србија имаше предност од 31:23, а во целото прво полувреме одличен беше Богдановиќ, заедно со Јокиќ.

Србија имаше и +17 во првото полувреме кое заврши со 54:43 . Американците немаа добар одговор за Србите, освен Стеф Кари, кој постигна 20 поени пред паузата.

Американците се доближија во третиот квартал, но Мициќ и Гудуриќ повторно почнаа да го полнат американскиот кош, па на крајот од третата четвртина, Србија повторно имаше големи 76:61. Во тој момент шутот за тројка на Србија беше 15/29.

Во последната четвртина работите почнаа да се менуваат, Србите сопреа со „тројките“, а Американците почнаа да ја намалуваат негативата. На седум минути до крајот стигнаа до 73:78, а на три и пол минути до крајот израмнија на 84:84.

Со серијата кошеви на Кари и на Џејмс, Американците на минута и пол до крајот поведоа со 91:86, со што ги дотолчија Србите. Србија се уште можеше да се закани, но на осум секунди до крајот Кари ги погоди двата удара од линија за сллободни фрлања, за конечни 95:91.

Американците освоија златни медали на последните четири ОИ, од Барселона 1992 година и првиот “дрим тим“. Вкупно САД имаат седум златни медали на осум ОИ. Аргентина успеа да го освои единственото злато во тој период, во Атина 2004 година.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО