Драма во Германија: Бањаја победник

Возачот на Дукати, Франческо Бањаја победи на возбудливата трка од Мото ГП шампионатот за Големата награда.

Актуелниот шампион победи по два круга до тогаш лидерот Хорхе Мартин од Прамак Дукати ја загуби контролата во првиот свиок и излета од патеката.

Бањаја ја постигна четвртата последователна победа, вкупно шеста сезонава и го презеде првото место во првенството од Мартин, бидејќи сега има 222 бода, 10 повеќе од големиот ривал.

Второто место на денешната трка во Заксенринг го зазеде Марк Маркез од Дукати Гресини со 3.804 секунди заостанување, а трет ќе биде неговиот помлад брат Алекс Маркез од истиот тим.

Четврто место го зазеде Енеа Бастианини, петти Франко Морбидели, а шесто Михел Оливеира.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО