Драма во авионот, фудбалерите на Гамбија останале без кислород, но пилотот ги спасил

Фудбалерите на Гамбија, на патот за Брегот на Слоновата Коска, на Купот на Африка, преживеале вистински драма и патувањето сигурно нема да им остане во добро сеќавање.

Откако авионот полетал, некои играчи почнале да губат свест, што предизвикало паника кај присутните. Но, за среќа пилотот бил присебен, брзо реагирал, го свртел авионот и слетал на пистата од која тргнале.

Причината за инцидентот била недостигот од кислород во премалиот чартер авион за поголем број патници, па затоа некои од фудбалерите не можеле да дишат, се жалеле на главоболка и на вртоглавица.

– За малку ќе се отруевме со јаглерод моноксид. Уште половина час летање и сите ќе бевме мртви. Сите брзо заспавме. Сонував кратки соништа за тоа како се одвива мојот живот. По девет минути пилотот реши да се врати бидејќи немаше кислород. Некои играчи не се разбудија се’ до слетувањето, изјави Белгиецот Том Сентфит, селекторот на Гамбија, за холандскиот весник Нивсблад.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО