Напаѓачот на Жирона и на украинската репрезентација Артем Довбик го пропушти последниот тренинг на каталонскиот тим и наводно заминал за Мадрид. Веста ја објави новинарот на Мундо Депортиво, Алекс Луна.
Познато е дека Артем е мета на Атлетико Мадрид. Со ова негово заминување, се повеќе се вжештија гласините за негов трансфер на „Ванда Метрополитано“.
На Атлетико и тоа како му е потребен нов напаѓач, особено по заминувањето на Алваро Мората во Милан.
Минатата сезона Довбик стана најдобар стрелец во шпанската Ла Лига, постигнувајќи 25 голови и 10 асистенции на 41 натпревар.