Довбик е во Рим на медицински прегледи и на потпис на договорот со Рома

Најдобриот стрелец во шпанската Ла лига минатата сезона, Артјом Довбик пристигна во Рим со својот агент на медицинските прегледи пред да го комплетира трансферот во Рома.

Рома ќе плати 32 милиони евра за него, плус бонуси, иако откупната клаузула на 27-годишниот фудбалер е 40 милиони.

Фудбалерот на аеродромот го пречекаа навивачи на неговиот речиси, сигурен нов клуб, придружуван од спортскиот директор на „римската волчица“, Флорен Гизолфи.

Рома и Џирона се договорија за трансферот на украинскиот интернационалец, кој на 36 натпревари во шпанската елитна конкуренција постигна 24 гола.

Довбик важеше како сигурно ново засилување за Атлетико Мадрид, кој ги договори условите со Џирона за неговиот трансфер, но договорот пропадна во последен момент поради тоа што играчот не се согласи со условите од договорот.

Тоа го искористи Рома, која испрати подобра понуда, која тој и неговиот клуб ја прифатија.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО