Довбик е пред трансфер во Атлетико Мадрид

Украинскиот напаѓач, Артем Довбик е многу блиску до преселба во Атлетико Мадрид. Според пишувањата на медиумите во Шпанија, играчот на Џирона веќе е во напредна фаза на преговори со „јорганџиите“.

Трансферот би можел да изнесувал 35 милиони евра, од кои пет ќе бидат во вид на бонуси. Останува уште украинскиот фудбалер да ги договори личните услови од соработката со Атлетико.

Довбик стана најдобар стрелец во Ла лига минатата сезона, постигнувајќи 24 гола и асистирајќи за уште осум, на 36 натпревари.

 

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО