Досега само една репрезентација ја одбранила титулата

Во историјата на Европските првенства (ЕП) 10 репрезентации ја освојувале круната, а само Шпанија успеаја да ја одбрани титулата, во 2012-та.

Шпанија беше најдобра трипати, првиот пат во 1964 година, потоа во 2008-та и четири години подоцна кога ја одбрани титулата.

Уште две репрезентации, СССР и Западна Германија беа на чекор до одбрана на титулата. Советскиот Сојуз беше првиот европски шампион во 1960 година, победувајќи ја Југославија во финалето. СССР играше и во финалето четири години подоцна, но загуби од Шпанија во Мадрид, со 1:2.

Западна Германија ја освои титулата во 1972 година и речиси ја одбрани четири години подоцна, но во финалето во Белград, загуби од Чехословачка со 3:5 по изведувањето пенали.

Актуелен шампион е Италија која е во групата Б, со Хрватска, Шпанија и Италија.

Резултати на бранителите на титулата

Шампион – Следното ЕП

СССР (1960) – второ место (1964)

Шпанија (1964) – четвртфинале (1968)

Италија (1968) – четвртфинале (1972)

Западна Германија (1972) – 2. место (1976)

Чехословачка (1976) – 3. место (1980)

З. Германија (1980) – група (1984)

Франција (1984) – не се квалификуваше (1988)

Холандија (1988) – полуфинале (1992)

Данска (1992) – група (1996)

Германија (1996) – група (2000)

Франција (2000) – четвртфинале (2004)

Грција (2004) – група (2008)

Шпанија (2008) – 1. место (2012)

Шпанија (2012) – осминафинале (2016)

Португалија (2016) – осминафинале (2020)

Италија (2020) – ?

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО