Дончиќ: Ми беше тешко да донесам одлука

Словенскиот репрезентативец Лука Дончиќ и покрај повредите и напорната сезона во НБА, во ниту еден момент не го доведе во прашање играњето за својата земја.

Многумина стравуваа дека тој сега нема да игра за Словенија, напротив, тој им се приклучи на сонародниците видно расположен, иако во поголемиот дел од финалната серија, играше повреден.

– Секогаш е чест да играм за Словенија. Кога и да можам, ќе играм. Тоа го зборувам постојано и така ќе биде, порача Лука Дончиќ.

Но сепак, асот на Далас сега открива дека овој пат му било најтешко да собере сила за репрезентацијата.

– Навистина беше тешко да донесам одлука да играм за репрезентацијата, бидејки имав повреди и долга сезона, но ете, тука сум и чест ми е, се надовра Дончиќ.

 

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО