Репрезентацијата на Мароко настапот на АФКОН (Африкански куп на нациите) го стартуваше во победа од 2:0 против Комори. Домаќинот на африканскиот фудбалски континетален шампионат првиот натпревар го одигра пред 60.000 гледачи.
Двата гола Мароканците ги постигнаа во вториот дел. Водство од 1:0 донесе Брахим Диаз во 55. минута, а конечните 2:0 ги постави Ајуб Ел Кааби во 74. минута. Домашната репрезентација пропушти да дојде во водство во 10. минута откако Суфиане Рахими не реализираше пенал.
Ова беше првиот дуел од групата А, а денеска играат Мали – Замбија.
Во групата Б на програмата денеска се дуелите: Јужна Африка – Ангола и Египет – Замбија.
Фото: ЕПА
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА: