Дојде време за крупна промена: Јамал бара ревидирање на договорот во Барселона

Младиот 16 годишен фудбалер Ламин Јамал, ја импресионира фудбалската јавност со одличните игри на ЕП во Германија.

Тој беше еден од најдобрите млади играчи на Европското првенство во Германија и заслужено Шпанија дојде до трофејот на ова натпреварување, а голем дел од заслугите се токму на овој фудбалер.

Сега веќе, свесен дека неговата форма е се подобра, заедно со неговиот агент Мендеш, се обидуваат да извршат притисок врз Барселона, за ревидирање на неговиот фоговор со клубот од „Камп Ноу“.

Јамал заработува околу 32.000 евра неделно, или годишно околу 1.700.000 евра, а според побарувањата на неговиот агент, во новиот договор кој го бараат, тие посакуваат 5,5 милиони евра по сезона.

Актуелниот договор на Јамал со Барса трае до 2026 година, а медиумите во Каталонија пренесуваат дека Барселона е подготвена да преговара за нов и подобрен договор, но следното лето, а не ова, кога Јамал ќе стане полнолетен.

Доколку не дојде до договор, Јамал ќе побара трансфер од клубот и Барселона ќе треба да постави трансфер цена за него.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО