Европскиот и шпански првак, Реал Мадрид ги зголеми цените на билетите откако минатиот месец ја ангажира француската ѕвезда, Килијан Мбапе.
За 10-на дена Реал ќе го пречека Валјадолид на првиот домашен натпревар сезонава, а кој сака да го гледа 25-годишниот напаѓач и другите играчи на мадридскиот тим ќе треба да издвои меѓу 95 и 210 евра.
Валјадолид летово се врати од втората лига, а за меч против ваков ривал на „Сантијаго Бернабеу“ минатата сезона требаше да се издвојат најмалку 55 евра.
Долгоочекуваното засилување, Мбапе пристигна како слободен играч откако му истече договорот со францускиот ПСЖ. Реал Мадрид не ја открива неговата плата, но не е тајна е меѓу највисоките.
Мадридскиот клуб, кој во средата вечер го освои Супер купот на УЕФА со победата над италијанска Аталанта од 2:0, сезонава ќе настапува во седум натпреварувања.
Реал е полн со меѓународни ѕвезди, како што се 21-годишниот Џуд Белингем и 23-годишниот Винициус Јуниор, и гледањето вакви ѕвезди за просечниот љубител на фудбалот секогаш било скапо, но никогаш како сега.
Најевтините сезонски претплатни влезници, за четвртиот прстен на трибините, високо зад голот што е најевтиниот дел од стадионот, чинат 650 евра (лани 500). За поскапиот дел од стадионот годишниот сеобски билет чини 1.650 евра (лани 1.500).
Раководството на клубот е убедено дека трибините ќе бидат исполнети и покрај незадоволството од поскапувањето.
Реал Мадрид со рекордни 15 трофели во Купот на европски шампиони (КЕШ)/ Лига на шампиони (ЛШ) лани оствари приход од 1,07 милијарди евра, што е за 27 отсто повеќе од претходната сезона.
Тука не се вклучени парите од продажбата на играчи. Кога ќе се одбијат трошоците, тој ја заврши сезоната со добивка од 16 милиони евра.
Во истовреме при крај е и реновирањето на стадионот, околу кој ќе никнат ресторани и кафулиња, додека на теренот ќе се одржуваат концерти кога ќе нема натпревари.