Добива смртни закани поради врската со Ноа Лајлс?

Спринтерката од Јамајка, Џанел Бромфилд (26) проговори за злоставувањето што го претрпела за време на неодамнешните Олимписки игри (ОИ) во Париз поради нејзината љубовна врска со американскиот олимписки шампион на 100 метри, Ноа Лајлс (27).

Освојувачката на медал од Токио во штафетната трка 4х400 метри била малтретирана на социјалните мрежи, ја етикетираше дака се „продала“ затоа што излегува со американски спринтер, па дури и се заканувале и со смрт!

– Со недели ме малтретираат „онлајн“, и кога станува збор за тоа, јас сум лажга. Искрено мислев дека го надминавме расизмот во Јамајка, особено како нација полна со црнци, вели 26-годишната Бромфилд, која е во врска со Лајлс минатите две години.

Бромфилд стигна до полуфиналето на 400 метри на ОИ во Париз, но беше дел од штафетниот тим на Јамајка на 4×400 метри што освои сребро на Светското првенство (СП) 2022 година и бронза на ОИ во Токио 2021 година.

Лајлс, новиот олимписки шампион на 100 метри, се стави во нејзина одбрана, велејќи дека уште поимпресивно од нејзините спортски достигнувања е начинот на кој таа се справува со непочитувањето и омразата во сопствената земја.

– Оваа жена беше нападната од луѓе кои никогаш не ја запознале, не го слушнале нејзиното име, не ја виделе нејзината насмевка или не слушнале во што верува, напиша тој.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО