Илкај Гундоган бара од Барселона да му дозволи да го напушти клубот во овој преоден рок. Тренерот на Барса, Ханси Флик изјави дека се надева дека оти нема да дојде до разделба, но германскиот играч за врска е решен да го стори тоа.
Шпанските медиуми ја откриваат причината зад тоа. Како главна причина тие го наведуваат намалувањето на неговото значење за тимот. Тој лани беше незаменлив, но веќе нема гаранции дека ќе стартува од првата минута поради доаѓањето на Дани Олмо.
Шпанците, 33-годишниот играч од средниот ред го опишуваат како човек со силен карактер, кој не е подготвен за подредена улога.
Се додава дека челниците на Барселона не би имале ништо против Гундоган да си замине од клубот, бидејќи со продажбата на искусниот играч за врска би можеле да заработат и да си ја олеснат тешката финансиска состојба.
Гундоган е под договор до крајот на сезоната, а Трансфермаркт го проценува на 15 милиони евра. Тој за Барса одигра 51 натпревар, даде четири гола и имаше 14 асистенции.