Динамо Загреб му носи конкуренција на Стефан Ристовски

Хрватскиот првак Динамо Загреб за кого играат двајцата Македонеци, Стефан Ристовски и Аријен Адеми се подготвуваат за вториот дел од сезоната во ХНЛ.

Составот од Максимир има намера да се засили со 23-годишниот репрезентативец на БиХ Јусуф Газибеговиќкој игра одлично оваа сезона во Штурм.

Според Трансфермаркт, Газибеговиќ веќе вреди четири милиони евра, што е премногу за Динамо во моментов. Сепак, Динамо го посакува Газибеговиќ поради интересна клаузула во неговиот договор.

Таа изнесува половина, два милиони евра, што е добра вест. Лошата вест е што оваа клаузула може да се активира само до 15 јануари, односно Динамо има десет дена да го реализира трансферот.

Репрезентативецот на БиХ сака да дојде во Динамо и смета дека тоа е добар чекор во неговата кариера. Сега се е до Динамо кој нема што премногу да преговара бидејќи ситуацијата е прилично едноставна. Плати ја клаузулата и земи го Газибеговиќ.

Во случајот со Газибеговиќ, многу зависи од Садег Мохарами. Динамо речиси го продаде Иранецот во Саудиска Арабија, но договорот пропадна во последен момент. Мохарами моментално е во иранската репрезентација која ја чека АФЦ купот, но паралелно се работи и на неговиот трансфер.

Доколку Мохарами замине, но до 15 јануари, се ќе биде отворено за доаѓањето на Газибеговиќ.

Јакировиќ не е задоволен од Мохарами, но моментално е единствената алтернатива на Стефан Ристовски. Тренерот на Динамо без сомнение би сакал да го има Газибеговиќ во тимот и интензивно работи на негово доведување.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО