Динамо ќе заработи повторно милиони: Хрватскиот клуб обезбеди нова сезона во ЛШ

Фудбалерите на Динамо Загреб изборија повторно пласман во Лигата на шампионите, откако вечерва во реваншот беа подобри од Карабах со 2:0.

Динамо во првиот меч кој беше одигран минатата недела во Загреб, победи со 3:0.

Головите за клубот од Загреб на вечерашниот натпревар ги постигнаа Марко Пјаца и Матеус Силва. Карабах мечот го заврши со 10 играчи, поради исклучувањето на Кевин Медина.

Жребот за ЛШ ќе биде оддржан утре од 18 часот.

Oд останатите квалификанти вечерва играат Црвена Звезда против Бодо Глимт, Славија Прага протиав Лил и Слован Братислава против Митјиланд.

 

 

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО