Димитријевиќ официјално потпиша со Олимпија Милано

Репрезентативецот Ненад Димитријевиќ, од денеска е официјално нов член на кошаркарскиот клуб Олимпија Милано.

Оваа екипа има доста голем и обемен буџет и имаат амбиции следната сезона да дојдат до Фајнал-фор во Евролигата. Денеска го потврдија трансферот на Нено Димитријевиќ од Уникс Казањ.

– Среќен сум што ќе сум дел од овој голем клуб, со нетрпение чекам да почнам да тренирам. Ќе се обидам да бидам од помош на тимот и да остваруваме победи и да освојуваме трофеи, порача Димитријевиќ по потписот на договорот.

Очигледно дека настапите во Уникс Казањ придонесоа за зголемен интерес на европските екипи за услугите на Ненад Димитријевиќ.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО