Американскиот блогер Џејк Пол е хоспитализиран со скршен и повредена вилица по боксерска борба со поранешниот шампион во тешка категорија Ентони Џошуа.
– Скршена вилица. Ви благодарам за поддршката, момци, добро сум, објави Пол на социјалните мрежи.
Џошуа го нокаутираше Џејк Пол во шестата рунда од борбата одржана ноќеска во Мајами.
– Пол имаше тежок период во рингот, но постојано стануваше, продолжуваше да се бори. Само вистински мажи можат да го прават тоа, рече Џошуа по борбата.
Дваесет и осумгодишниот Пол има биланс од 12 победи и 2 порази.
Триесет и шестгодишниот Британец ко е и олимпискиот шампион Џошуа сега има биланс 29-4 (победи-порази).
Фото: ЕПА
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА: