Џошуа Чептегеи со нов олимписки рекорд на 10.000 метри и донесе злато на Уганда

Трикратниот светски шампион и светски рекордер, Џошуа Чептегеи од Уганда конечно се закити и со олимписки злато. Во првото атлетско финале на Олимпискиот стадион во Париз овој атлетичар од Уганда имаше одлична трка на 10.000 метри

Во возбудлива завршница на трката, Чептегеи прв помина низ целта, а воедно неговото време ќе стои и како најбрзо на една олимписка трка во оваа категорија. Чептегеи трката за заврши за 26:43.14 со што го собори рекордот на Кенениса Бекеле од Етиопија (27.01.17) поставен на ЛОИ во Пекинг 2008 година.

На второто место се пласираше Бериху Арегави од Етиопија кој со пеколен финиш дојде до сребрен медал со задоцнивање од само 30 стотинки, а бронзата ја освои Американецот Фишер.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО