Фудбалерите на Џирона победија на гостувањето во Виторија, кај Алавес со 1:0 во 19. коло од шпанската Ла Лига.
Победничкиот гол за Џирона го постигна Џон Солис во првата минута од судиското надополнување на вториот дел.
И овој натпревар во тимот на Џирона го пропушти Бојан Миовски. Македонскиот репрезентативец не игра од крајот на минатата година поради повреда на зглобот.
Џирона е седма на табелата со 28 бодови, додека Алавес е на 16. место со 17 бодови.
Во следното коло, Џирона ќе ја пречека Севилја, додека Алавес гостува кај Бетис.