Џенова го отпушти тренерот Џилардинo, го менува Виеира!

Италијанскиот фудбалски клуб Џенова го отпушти тренерот Алберто Џилардино. „Џенова објавува дека Алберто Џилардино е разрешен од должноста. Клубот му се заблагодарува за заедничките цели постигнати низ годините и му посакува се’ најдобро во кариерата“, соопштија од клубот.

Тој ја презеде Џенова во октомври 2022 година со краткорочен договор, но по добрите резултати доби повеќегодишен договор. Џенова е на 17. место на табелата во Серија А со 10 бода, еден повеќе од зоната за испаѓање.

Италијанските медиуми објавија дека нов тренер на Џенова ќе биде Французинот, Патрик Виеира. Тој успешната играчка кариера ја заврши во 2011 година и оттогаш беше тренер на младинските тимови на Манчестер сити, а потоа ги водеше Њујорк сити, Ница, Кристал палас и Стразбур.

Во сезоната 2010/11, Виеира играше заедно со Марио Балотели, кој неодамна потпиша за Џенова!

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО