Џејмс Харден растури Шарлот — постигна 55 поени и запишa нов рекорд за Клиперси со 10 тројки

Џејмс Харден приреди вистинско шоу против Шарлот, предводејќи ги ЛА Клиперс до убедлива победа од 131:116 со една од своите најмоќни партии во последните години. Искусниот бек постигна 55 поени и погоди 10 тројки, поставувајќи нов рекорд на клубот по број на погодени шутеви од дистанца на еден натпревар.

Харден доминираше од самиот почеток, преземајќи ја целосната контрола врз темпото и неуморно казнувајќи ја одбраната на Шарлот. Погодуваше од сите позиции, креираше за соиграчите и практично сам ја држеше играта во свои раце. Клиперси без поголем напор ја одржуваа двоцифрената предност во текот на целиот меч.

Шарлот немаше одговор за разиграниот Харден, иако се обидуваше со различни ротации и дефанзивни поставености. Но, ова беше ноќ во која напаѓачката машина на Клиперси беше неприкосновена.

Со ова издание, Харден уште еднаш потврди дека и на 36 години останува еден од најопасните офанзивни играчи во лигата. Неговата историска партија доаѓа во вистински момент за Клиперси, кои се надеваат дека ова ќе биде почеток на период на поголема стабилност и континуитет во резултатите.

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ


НАЈНОВО