Над 86 отсто од Французите процениле дека церемонијата на отворање на Олимписките игри (ОИ) била успешна, изјави директорка за комуникации на Организациониот комитет (ОК), Ан Дешам.
Според неа, големи 91 отсто од испитаниците го одобриле изборот на џудистот, Теди Рајнер и спортистката, Мари-Жозе Перек, за носители на факелот во последната фаза.
Дешам не кажа колку луѓе биле интервјуирани ниту која методологија за анкетирање била користена.