Денвер рано утрово загуби од Чикаго на домашен терен со 127:130. Ниту тројниот ефект на Никола Јокиќ кој постигна 36 поени, 18 скока и 13 асистенции не беа доволни Нагетс да го избегнат поразот.
На другите натпревари од НБА-лигата играни ноќта понеделник кон вторник постигнати се следниве резултати:
Кливленд – Милвоки 118:106
Детроит – Индијана 127:112
Њу Орлеанс – Оклахома 109:126
Минесота – Далас 120:96
Торонто – Шарлот 110:108
Мајами – Њујорк 115:113
Филаделфија – Клиперс 110:108.
Оклахома е лидер во Западната конференција со биланс 14-1 (победи-порази), Детроит води на Исток со ефект 12-2.
Фото: ЕПА
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА: