Во првиот натпревар од полуфиналната плеј-оф серија, Денвер не одигра според очекувањата, па испушти предност на домашен терен.
Никола Јокиќ и другарите ќе имаат можност за „поправен“ ноќта помеѓу понеделник и вторник, меч кој се игра од 04 00 часот наутро, но за овој натпревар, најверојатно Денвер ќе биде драстично ослабеј, бидејки Џамал Мари е под знак прашалник за оваа средба, бидејки е повреден.
Ако е некоја утеха за Денвер Нагетс, од другата страна, под знак прашалник е и центарот Руди Гобер, но ако се гледа влијанието на двајцата играчи на терен, нема сомнежи дека отсуството на Канаѓанецот би бил далеку поголем хендикеп.
Рака на срце, Мари често играше и со болки сезонава, па не би било за чудо доколку тој и на овој натпревар трпи болки, се со цел да помогне на екипата.