Денвер останува без еден од клучните играчи

Eден од клучните кошаркари на Денвер нагетс во последните две сезони, двократен НБА шампион, Кентавиус Колдвел Поуп (31) летово ќе стане слободен агент.

Според инсајдерот Шамс Шаранија, популарниот „КЦП“ ја одбил понудата за последната година од договорот со Нагетс во која има право на 15,4 милиони долари, па ќе може да избере нов клуб.

Како што пренесуваат американските медиуми, првиот сомнеж за заминувањето на Поуп се појавил пред неполни две недели, кога ветеранот, наводно, ја одбил првата понуда на Денвер, а сега пристигнува нова информација која сигурно нема да ги израдува навивачите на тимот од Колорадо.

Поранешниот кошаркар на ЛА Лејкерс верува дека на друго место би добил попрофитабилен договор, па речиси сигурно ќе го тестира пазарот.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО