Долгогодишниот успешен македонски тренер и каратист Дејан Недев успешно одржа меѓународен семинар во традиционално карате во Париз, Франција.
За неговиот истакнат ангажман и значаен придонес во развојот и унапредувањето на традиционалното карате, тој беше одликуван со високо признание од страна на претседателот на Француската федерација за традиционално карате, г. Рави Апан.
Бројката на учесници на семинарот изнесуваше повеќе од 200 што дава дополнителна тежина на остварувањето на Недев, а имаше присутни од Франција, Германија, Белгија и Шри Ланка што дополнително го потврдува меѓународниот углед и значење на настанот.
Фото: МТКФ
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА: