Репрезентацијата на Македонија (до 21 година) претрпе убедлив пораз од Холандија, 0:5 на гости во квалификациите за пласман на ЕП 2025 година.
Холандија во Алмере ја демонстрираше својата сила, и во секој сегмент од мечот ја надигра Македонија и на крајот забележа убедлива победа.
Регир уште во втората минута го „отвори“ резултатот по една одлична акција, а Охио во 22. минута зголеми на 2:0. Во продолжението Холанѓаните постигнаа уште три гола. Милион Манхоф во 61. и во 69.минута најави дебакл, а серијата ја заокружи Јури Регир исто така со вториот гол во 75. минута.
Во следниот меч од квалификациите Македонија му гостува на Гибралтар во понеделник.