Де Зерби од Островот се пресели на Континентот

Еден од најценетите европски тренери, Италијанецот Роберто Де Зерби (45) ќе седне на клупата на францускиот прволигаш Олимпик Марсеј, објави денеска клубот на својата интернет страница.

Десеткратниот француски шампион. Марсеј ја чека титулата од 2010-та. Оттогаш две сезони, во 2019/20 и 2021/22-та заврши на второто место. Минатата сезона беше осми.

Во последните 10 години клубот континуирано менуваше тренери, ги имаше дури 12. Со Де Зерби, кој го водеше англискиот Брајтон во последните две сезони, Марсеј сака постабилен период и враќање меѓу најдобрите француски тимови.

Брајтон со Де Зерби лани го оствари најдобриот пласман во клупската историја, шесто место во Премиер лигата.

Минатата сезона во Марсеј продефилираа дури четворица тренери. Најпрвин на клупата беше Шпанецот Марселино и на неа се задржа нешто помалку од три месеци.

Потоа привремено решение беше Жак Абардонадо, а по него кормилото го презеде Италијанецот, Џенаро Гатузо. Во средината на февруари на клупата седна искусниот Жан-Луј Гасе, но само до крајот на сезоната 2023/24.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО