Де ла Фуенте: Почнавме добро имаме самодоверба, но сега треба да размислуваме за Италија

Селекторот на шпанската репрезентација Луис де ла Фуенте ја коментираше победата над Хрватска во натпреварот од 1.коло на ЕП 2024. Шпанците победија со резултат 3:0.

– Многу сум среќен за сите што работеа толку напорно за да ја постигнат оваа цел. Овој тим е амбициозен, тоа е огромно семејство, па јас сум среќен за сите. Но, ние мора да застанеме цврсто на нашите нозе. Почнавме добро, што ни дава одредена самодоверба, но сега треба да размислуваме за Италија. Одигравме многу солиден натпревар. Многу сум задоволен од тоа како се претставивме во сите делови на теренот. Посебно радува што толку млад тим остана фокусиран во текот на целиот натпревар, изјави Де ла Фуенте за прес-службата на УЕФА. Во групата со Шпанија и Хрватска уште играат Италија и Албанија.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО