Даскаловски: Кога имаме енергија и агресивност имаме и резултат

Кошаркарите на Пелистер со утрешниот домашен натпревар против Керавнос од Кипар во последното коло од ФИБА Европа купот ќе ги завршат евронастапите. Шансите за пласман во следната рунда се загубени, но во таборот на „битолчани“ се решени да извојуваат нова победа и така да се освои третото место во групата.

Победата во Куманово во домашната лига во неделата дава оптимизам за добро издание и во еврокуповите.

– Најважно од се е што играчите имаа сосема поинаква енергија, она што го зборувам од почетокот, секогаш кога имаме енергија и агресивност, имаме резултат. Треба време, нова екипа сме, играме во силен ритам два натпревара неделно и нема премногу време да работиме на овој аспект. Секако, среќни сме што успеавме како гости да славиме против силен ривал како Куманово, тоа е потврда за нашиот квалитет, изјави тренерот Боро Даскаловски.

Натпреварот Пелистер – Креванос се игра утре (среда) со почеток во 19 часот. мн/

Фото: Фејсбук КК Пелистер

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ


НАЈНОВО