Данте Егзум знае како Партизан во новата сезона може до плеј-оф во Евролигата

Еден од омилените кошаркари на навивачите на Партизан последните неколку сезони, Данте Егзум, зборуваше на повеќе теми, а во последното интервју зборуваше и за белградскиот клуб.

Тој откри дека се уште има контакти во клубот со одредени играчи и дека е добро информиран за случувањата во КК Партизан.

– Зборував со Алекса Аврамовиќ, очигледно е дека беа разочарани последната сезона, но важно е дека се бореа до самиот крај. Сега сите тргнаа по некој друг пат. Тренерот Обрадовиќ ќе мора да го работи она што го работеше со нас, да ги учи се што треба.

– Ќе биде тоа нов предизвик, ќе има сигурно успони и падови, како што беше и последната сезона, односно претходната, кога јас уште бев таму. Но, доколку тимот се вклопи, ако го слушаат тренерот, ќе можат повторно да дојдат до плеј-оф во Евролигата, па и да ја освојат АБА лигата, порача Данте Егзум.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО