Дани Олмо: Да не бев фудбалер, ќе бев астронаут!

Дани Олмо даде интервју за „Мундо Депортиво“ во кое ги објасни причините за доаѓањето во Барселона, откри што би правел доколку не бил фудбалер и одговорил на низа прашања, за да би можеле навивачите подобро да го запознаат шпанскиот репрезентативец.

Тој открил дека тренерот на тимот, Ханси Флик и спортскиот директор, Деко го убедиле да замине од Лајпциг во Барселона, клубот во кој пораснал пред да замине во загрепски Динамо како тинејџер.

Тој во зимата 2020 година го напушти загрепскиот клуб и се пресели во Германија, во Лајпциг, а неодамна потпиша шестгодишен договор со Барса, во фиксен трансфер вреден 55 милиони евра и плус седум милиони евра во вид на бонуси.

Во делот од интервјуто во кој со брзи и кратки одговори требаше да каже што мисли и чувствува, европскиот шампион со шпанската репрезентација одговори и на следните прашања.

Најдобар спортист? Рафаел Надал.

Најдобар противник? Лука Модриќ

Најдобар фудбалски спомен? Европското првенство.

Да не бевте фудбалер, што ќе бевте? Астронаут.

Играч од ривалски тим кој би го сакале во вашиот тим? Модриќ.

Олмо дебитираше за Барселона пред два дена на мечот со Рајо Валјекано, на гости.  Влезе во игра во 46. минута, а во 82-та даде гол за пресврт и за победа од 2:1

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО