Дани Алвеш инвестираше во португалски третолигаш

Поранешниот фудбалер на Барселона и бразилскиот репрезентативец, Дани Алвеш, чија пресуда за силување беше поништена минатиот март, инвестираше во португалски клуб од третата лига.

„Во момент што ќе остане врежан во историјата на клубот, официјално го објавуваме доаѓањето на Дани Алвеш како косопственик на Спортинг Клуб Сао Жоао де Вер“, се вели во соопштението на клубот, основан во 1929 година.

Според локалните медиуми, 42-годишниот Бразилец стекнал 50 проценти од сопственоста на Сао Жоао де Вер, и се очекува да ги купи преостанатите 50 проценти на крајот од тековната сезона.
Паралелно со инвестицијата, Алвеш размислува повторно да ги облече копачките и да игра за португалскиот нисколигаш во следните шест месеци.

Поранешниот десен бек на Барселона нема настап од јануари 2023 година, кога беше отпуштен од мексиканскиот клуб Пумас поради случајот што доведе до неговата првична пресуда за силување, која подоцна беше поништена. Во времето кога неговата пресуда беше поништена, Алвеш беше условно ослободен откако отслужи 14 месеци затвор.

ФОТО: ЕПА

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ


НАЈНОВО