Далиќ: Прерано е да си одиме дома, ќе ја победиме Италија!

Хрватската репрезентација се наоѓа во доста независна ситуација, во игра им е само победа против Италија во последното коло од групната фаза, во спротивно ќе бидат елиминирани од понатамошната фаза.

По неуспесите претходните две кола, математиките јасно укажуваат дека Хрватска нема простор за калкулација и маневри, туку мора да ја победат незгодната Италија.

Селекторот на „коцкестите“ потенцира дека само победа е патот кон успехот и дека не планираат да се вратат дома, па мора да ја победат Италија.

– Не ни е во план да заминеме дома, прерана фаза е од ЕП, верувам дека може да ја победиме Италија. Секако дека е присутен притисокот, нашата цел е да ја минеме групата, да не отпаднеме. Италија е тежок противник, но и тие имаат свои маани. Разговарав со момците и тие знаат што треба да направат на мечот со Италија, мора да победиме, тоа е патот кон елиминационата фаза од ЕП, порача Златко Далиќ.

Хрватска пред почетокот на ЕП беше во топ5 фаворити за освојување на турнирот, но како стојат работите во моментот, тешко е остварливо тоа.

 

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО