Далиќ: Македонија ќе ни биде тест за мечот со Албанија на ЕП

Селекторот на хрватската фудбалска репрезентација, Златко Далиќ, денеска одржа прес-конференција пред утрешниот пријателски меч со Македонија во Ријека. Далиќ пред новинарите зборуваше за утрешниот дуел, но и за подготовките за престојното ЕП 2024.

„Немам замерки на подготовките досега. Играчите продолжуваат со таков ритам и таков мотив добро е што нема повреди. Работат многу добро, полни се со мотивација и секој тренинг е се подобар и подобар. Го респектираме утрешниот противник, го замисливме како натпревар кој ќе служи како подготовка за Албанија. Ќе играме со малку поофанзивни играчи. Имаме право на шест замени. Ќе одмориме некои играчи“, изјавил Далиќ.

За дуелот со Македонија утре, Далиќ нема да може да смета на Лука Модриќ, Марсело Брозовиќ и Марио Пашалиќ, кои викендов имаа клупски обврски.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО