Иван Перишиќ пред неколку месеци кога пристигна во Хајдук, беше пречекан како месија, а сега работите се поинакви.
Наводно Перишиќ покажал сигнал дека сака да замине од Сплит, а сето тоа го објасни тренерот на клубот, Џенаро Гатузо.
– Иван пред 20 дена дојде во мојата канцеларија и ми рече дека не сака да остане во клубот, тогаш морам да го почитувам изборот на играчот, а во соблекувалната постојат правила кои мора сите да ги почитуваат. Ова се уште не е затворена приказна, тој и понатаму е овде, па ќе видиме, порача Гатузо.
Добар дел од европските медиуми деновиве исфорсираа приказна дека ваквиот брз став на Перишиќ за заминување од Сплит е поради евентуалниот повик кој играчот го добил од Барселона и околу тоа ќе се шпекулира до крајот на трансфер периодот.